Мицкocки со пopaка до влacта: Опаметете се, Гоце Делчев е нашиот Meчкин Kaмен и нема да отcтапиме

Гоце го има во химната Гоце Делчев е Македонија. Патритозмот не е демоде ниту антиевропската политика. Македонизмот не е ништо помалку важно од Европеизмот. Тука сме и за ЕУ денска и за Гоце Делчев, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест.

“Не смееме да дозволиме да станеме територија. СДСМ предводено од Заев не е за ЕУ тој е се спротивно од европската вредност. Таму нема обвинители кои се заедно со врхушката од власта.

Тие ја поскапеа струјата и го осиромашуваат народот. Склопуваат договори со анти ЕУ бизнисмени од 200 милиони евра.Тие се против ЕУ за да можат да крадат и не одговараат.

Тие се мафија. Нашата идинина е во ЕУ и таа ќе дојде но без овие луѓе на власт.Заев не е идината туку заканата за овој народ. Сакаат да го продаат Гоце за да си доделат уште некоја лиценца за производство на марихуана.

Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата.Овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија.

Тој е нашата тврдина која нема да ја напуштиме. Делчев обединува а СДСМ разединува. Мафијата не е посилна од вистината.

Или Македонија мафија. Ајде од оваа наша држава да направиме гордо и достоинствено место за живеење. Опаметте се Делчев е нашиот Мечкин Камен и нема да отстапиме”, истакна Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.