Мицкocки одговopи на нaпaдите од пopaнешните фyнкционepи: Toa e пocледниот тepeт од кoj ce ocлободува ВМPO-ДПМHE сега тој му пpипаѓа на 3aeв со cpeќа нека му е

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за Сител за нападите од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ваквите луѓе не заслужуваат никаков одговор. Мицкоски кажа дека тоа се луѓе кои што се најзаслужни за пустошот на Зоран Заев низ земјата.

– Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што најзаслужни се што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа во оваква состојба во која што во 2017 година ја преземав партијата и повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство, заклучи Мицкоски.

Тој даде дека нивните обвинувања се темелат на многу лични навреди, на голема фрустрација.

Мицкоски потенцира дека, сето она кое што ти го рефлектираат како атакт врз ВМРО-ДПМНЕ и врз него, не наидува на поддршка ниту во структурата ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните.

– Ова е последниот терет од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев па јас би му посакал со среќа нека му е со сите овие, додаде Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.