Мицкocки: Овие што пpaват тpговиja со дpoга е вojcката на 3aeв кoja поткyпyва на избopи

Зошто баш неговиот возач и зошто баш марихуаната е поврзана со семејството Заеви. Ние не сме 200 милиони држава, ние сме два милиони луѓе се се знае. Ние за самиот проект со марихуаната одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“.

– Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Еве ќе ви дадам два одговори. Пред некој ден бев во МАСИТ и навистина ме воодушевија неколку бројки, да речеме годишно компаниите односно бизнисот со икт индустријата во Македонија направиле обрт една милијарда евра извоз, Зоран Заев споменуваше бројка дека сите овие компании ќе бил околу 200 милиони евра.

Мислам дека треба нив да ги стимулираме и да видиме што и треба, да им помогнеме да овие луѓе таму ни дрога има, ни опојнни дроги има ни загадување ништо нема, Мицкоски во своето гостување посочи дека луѓето кои се денес во Влада ова не можат да го разберат и дека овие луѓе кои прават трговија со дрога е војската која потпкупува на избори.

Овие лица кои што се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава, тоа е војската на Зоран Заев која што на избори уплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа. Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори кои што се закануваат, оценуваат и притискаат, додаде Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.