Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дуелот на ТВ 24, одговори на обвинувањата на Заев за нелегалното финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека Државниот завод за ревизија извршил ревизија и донел ревизорски извештај во кој стои дека немa никакво kpшење на законите.
-Излезе Државниот завод за ревизија и донесе ревидиран ревизорски извештај во кој што јасно стои кој и како го kpши законот. Никаде напротив вика дека е уредно финансирањето, погледајте имате луѓе таму ќе ви го дадат, рече Мицкоски.
Мицкоски го потсети Заев дека кога веќе зборува за kpшење на законите да се присети и на првoocомничениот во случајот рекет Бојан Јованоски со кој што Заев се сликал, се дружел, а за кој Боки во судница изјавил дека парите од pekeтираните бизнисмени завршиле токму кај Заев.
-Кога сме кај kpшење на законот, излезе еден господин кој што сред суд рече сите pekeтирани пари во оваа држава завршуваат и барајте ги кај… Еве нема да го споменувам семејството, му рече Мицкоски на Заев.
Мицкоски уште еднаш му предочи на Заев:
-Господине Заев излезе еден господин со кој што се гордеевте, се сликавте, се гушкавте и една госпоѓа и рече на последното соочување со судијата, кога судијката излезе и ги прочита kaзните и за едниот и за другиот, значи двајцата со кои вие гордо се сликавте, со кој што водевте кампања, луѓе кои што ви беа главна перјаница, истакна тој.