Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешниот празник го помина во посета на Прилеп, каде заедно со градоначалникот на општината посети некои од локациите каде моментално се изведуваат градежни активности.
-Заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески извршивме увид на изградба на водоводна канализација кај местото Пашовски ливади и на градежни активности на плоштадот во Прилеп.
Од пролет почнува градежна офанзива во Прилеп – изградба на 40 улици, обиколница, геолошки истражувања за катна гаража. Сето она што го ветувавме како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ќе го реализираме и испорачаме на прилепчани – напиша Мицкоски на ФБ.