Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна и во обвинителството и во судството. Нивната цел да дадат се од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина судии и обвинии да ги заштитат, добива епски размери. Ова го зборував и на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања, истакна премиерот Христијан Мицкоски по реакцијата на ДКСК за именување на членови од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Академијата за судии и обвинители.
Според Мицкоски, во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато седумгодишно владеење кое не треба да се повтори.
-Не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, ќе биде долга и исцрпувачка. Малкумина се во судството и Обвинителството, но можам да кажам дека ќе победиме. Тие ќе бидат поразени, а македонските граѓани ќе добијат правда каква што заслужуваат, а не неправда од страна на опструирани послушници на минатата власт, рече Мицкоски при посетата на Тутунски комбинат АД Прилеп.