Целокупната онаа анатема која што се обидуваат овие ненародни и криминални политичари предводени од СДСМ да ја фрлат врз ВМРО-ДПМНЕ и мене, правејќи ме антизападен, јас сум антизападен онолку колку што Зоран Заев е чесен и честит политичар, изјави во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Еве ви кажам сега во текот на идната недела ќе бидам во Хелсинки на конгресот на Европската Народна Партија и ќе имам можност да имам средби со број претставници од меѓународната заедница кои што се дел од нашите сестрински партии, потенцираше Мицкоски.
Во врска со прашањето за наводна изолација Мицкоски посочи дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ било тоа кое се вратило во Парламентот и зело активно учество во реформските процеси, за отпочнување на преговори со ЕУ, дел од законите неопходни токму ВМРО-ДПМНЕ ги изработи, додаде вредност од целиот опфат, а тоа го потенцираа и Хан и Могерини кои изјавиле дека дека заслугите не се само на власта туку и на опозицијата.
– Потоа на наша иницијатива во сериозна дискусија со тројката известувачи за Македонија Флекенштајн, Вајгл и Кукан процесот Жан Моне го донесовме во Македонија и тој беше успешен. Тој го завршивме и како резултат на тој процес негде околу 80% усогласен Деловник за работа во Собранието помеѓу позицијата и опозицијата огромен чекор ненеправен досега. Во два процеса избравме директор на Оперативната техничка агенција која што е дел од реформите неопходни за отпочнување преговори и од пред некој ден со Владата изработивме две законски решенија кои што се исто така дел реформските процеси и успешно ги завршивме, нагласи Мицкоски.