Мицкоски утре во Прилеп- на настан по повод Денот на македонската револуционерна борба

Во домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре во 13:00 часот ќе се одржи настан по повод Денот на македонската револуционерна борба.

На настанот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што информираат од партијата, претходно во 11:30 часот ќе продолжи кампањата „Разговори за обнова за Македонија“ на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“ каде што на настанот свое присуство ќе има Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.