Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со рекорден раст на рејтингот.
Имено поддршката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните за шест месеци е зголемена за 5 процентни поени со што Мицкоски станува политичар со најбрзо растечки рејтинг во историјата на државата.
Податоците од анкетата која вечерва ја објави телевизија Телма покажуваат дека рејтингот на Мицкоски е 7,4 проценти.
Ваквите резултати покажуваат раст на рејтингот кај лидерот на опозициската партија. Во анкетата која Телма ја објави кон крајот на мај годинава, Мицкоски имаше рејтинг кај граѓаните од 2,9 проценти.
Кај партиите пак, се забележува голем раст на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кај македонското гласачко тело.
За разлика од претходната анкета во која беа изедначени двете најголеми политички партии, сега ВМРО-ДПМНЕ има предност од 5 проценти пред владејачката СДСМ.