Неодамна избраниот нов состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја одржа својата прва седница, за чии одлуки информира лидерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
„Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии.
За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам е Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
Промени. Го слушаме гласот на членството.
Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, објави Мицкоски.
























