“Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот.
Ова е битка на нашата генерација, на оние кои влеговме во политиката не за да добиеме нешто, туку за да го дадеме најдоброто. Не е повеќе опција седењето настрана, и немото набљудување на пропаста во нашето општество.
Сите ние имаме можност и обврска да влијаеме пред да биде вистински предоцна. Да ги оставиме разликите, сите заедно да се обединиме, да се спротивставиме, да победиме. На Македонија и требаат честити луѓе и луѓе кои го знаат патот. Ќе го мобилизираме најдоброто од нашата земја, ќе подадеме рака на секого, бидејќи нашата цел е честита и силна Македонија” – напиша Мицкоски на Фејсбук.