Во тек е ТВ дуелот помеѓу двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Во однос на првото прашање за состојбата во судството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на Заев и истакна дека токму тој е три пати помилуван, мислејќи на случајот “Глобал”, случајот “Пуч” и последната пресуда за “Поткуп”.
Мицкоски истакна дека судстовото е во најлоша состојба до сега, преовладува несигурност кај граѓаните и дека постои нееднаквост и селективност на правдата.
Граѓаните не веруваат во судството, ќе веруваа доколку ве осудеа, истакна меѓу другото Мицкоски.