Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
-Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето, истакна Мицкоски.
На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.