Мицкоски: “Правата одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде намалување на даноците”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа рече дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прва одлука ќе биде намалување на даноците.

Според него клучно за успех е да се сврти вниманието кон државата и да се стави акцент на политиките кои водат кон развој.

„Кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направиме се да се свртиме кон државата. Треба да се има јасна политика за економски развој, социјална политика, образовна политика, да не бидеме најлоши во здравството. Има многу сегменти кои се важни за граѓаните. Треба да работиме за тоа што не обединува, а не што не разединува не можеме ад кажеме дека Македонците се плод на Коминтерната. Тоа не се позиции за 21 век“, вели Мицкоски.

Работа, реформи, додава тој, тоа е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако сакаме да сме успешни треба да бидеме два пати подисциплирнирани и поработливи од големите. Таа дисциплина да ја постигнеме и се ќе дојде само по себе и ќе бидеме вреднувани по други параметри, а не да сме на 111 место по корупција. Правата одлука ќе биде рамен данок или 8 проценти рамен данок, да се намали сивата економија. Тоа е она што е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски заклучувајќи „доколку имаме мотивирани политичари тоа може веднаш да се направи“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.