Мицкоски повика што помасовно да се излезе на 2 јуни, кога ќе почне почетокот на крајот на оваа ненародна власт.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп повика масовно да се излезе на протест на 2 јуни.
Toj пред прилепчани истакна дека владеењето на премиерот Зоран Заев е исполнето со нереални ветувања и шарени лаги.
-Лажеа во предизборната кампања, лажеа дека ќе донесат 500 евра просечна плата, лажеа дека на докторите специјалисти ќе им донесат 100.000 денари просечна плата. Ветуваа поголеми субвенции за земјоделците, ветуваа подобар стандард за младите луѓе, ветуваа поголеми пензии за пензионерите и што ли уште не. Какви ли уште не шарени лаги ветуваа во предизборието во декември 2016 година, но еве се гледа дека ништо не исполнија, рече Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на владиното одбележување на една година влада, при што истакна дека лицемерно е што целата влада се наредила пред споменикот на ослободителите, бидејќи има разлика помеѓу партизаните кои ја ослободуваа државата, и владата кои ја разграбуваат земјата.
Тој посочи дека Владата на Заев нема прогрес во ниту една област.
Мицкоски повика што помасовно да се излезе на 2 јуни, кога ќе почне почетокот на крајот на оваа ненародна власт.
-Кога невистината и лагата ќе ви ги претставуваат како вистина, кога поразот и капитулацијата ќе се обидат да ви ги прикажат како победа. Како недостоинственото нешто ќе се обидат да ви го претстават како заштита на националните обележја. Тоа не смееме да им го дозволиме, вели Мицкоски.
Мицкоски порача: Масовно да му кажеме на Зоран Заев и групата околу него доста е Македонија ќе победи!