Мицкоски: Огромно мнозинство е против договорот

Во своето гостување во вестите на телевизија Сител, претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека огромно мнозинство на македонските граѓаните се против како што вели капитулантскиот договор со соседна Грција. Μицкоски констатираше дека се посетени околу 50 илјади домаќинства во рамки на акцијата Лето за Македонија, а според интервјуата со граѓаните, најмалата група на граѓани е онаа која го поддржува Договорот од Преспа и би излегла да гласаат за на референдумот.

– Можам да кажам дека граѓаните се поделени во три групи. Најмалата морам да признаам е онаа група која што би излегла на референдумот и која што би се изјаснила за, договорот, таа е во рамките на една статистичка грешка. Отприлика другите граѓани во Република Македонија кои што се интервјуирани за време на оваа акција Лето за Македонија ги оставаат другите опции за размислување, вели Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која своето битисување го должи на народот и својата одлука по однос на референдумот ќе биде донесена во консултација со народот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.