Вчера Народот ја испорача вистинската сметка за она што го доживеа изминативе две години откако СДСМ и Зоран Заев се влада во Република Македонија, но истовремено тој народ им кажа дека времето на нечестити и измамници од политичари е завршено, ова вечерва на митингот во Валандово го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Време е за нова генерација политичари која ќе биде со народот и помеѓу народот и заедно со народот ќе ја гради Република Македонија. Заев заборави дека помина времето на таквите политичари како него, на таквите измамници и лажливци, а на 21 април народот ќе му покаже што мисли за тоа што и го направи изминативе две години на Македонија. Едноставен е изборот браќа и сестри: Од едната страна ја имаме онаа во мафиjaшки стил создадена коалиција која што застана зад Стево Пендаровски кој е симбол зад сиот транзициски kpиминал кој што се случи во Македонија, погледнете ги луѓето кои застанаа зад Стево, тоа се луѓето кои се виновни за целокупната пљачка во Македонија и тие луѓе нас ни велат дека ќе сме оделе напред и од друга страна ја имаме професорката Гордана Силјановска Давкова која е симбол на правото и правдата, без компромисен бopец и заштитник на законите и Уставот, вели Мицкоски.
Тој вели дека самиот оној што му седи во скут на Заев кажал дека е 102 проценти ист како него.
-Тоа е иста паричка со лице и опачина затоа изборот го имаме во оваа скапа транзициска коалиција која стои зад Пендаровски Стево и Заев Зоран и од друга страна ја имаме честитата и искрената коалиција од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Гордана Силјановска Давкова. Изборот е јасен, изборот е дека иден претседател на Македонија е Гордана Силјановска Давкова. Заедно ќе ја донесеме правдата во Македонија и сета оваа неправда која ја направија во изминатите две години, тргувајќи со името, потенцира Мицкоски.