ВМРО-ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид.
„Традиционално од Охрид започнува овој неколку неделен караван кој очекуваме да заврши победнички за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања очекуваме дека таква кампања дека ќе води политичкиот противник, кампања која ќе изобилува со измислици, напади. Ние ќе се концентрираме на сето она што можеа, а за жал не го направија, ние ќе ставиме акцент на сите неуспеси и неправди кои ги доживеаја граѓаните и Република Македонија“, изјави Мицкоски за СИТЕЛ.
– Убаво изгледа вечерва Охрид, сакам да се заблагодарам до сите членки до Унијата на жени тука во Охрид. Ќе ја поразиме оваа тригодишна пандемиja од ова раководство на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Македонија е пред избори, изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија којашто ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција. Ќе кажам дека 60 пратеника на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули, историска победа.