Мицкоски на средба со Рот: Еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Грција е штетен за интересите на Македонија и не можам да го поддржам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Државниот Министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаил Рот.

На средбата се афирмираа добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Истовремено, Мицкоски нагласи дека еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Република Грција е штетен на интересите на Република Македонија и дека тој не може го поддржи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.