Мицкоски на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во црквата “Пресвето Срце Исусово”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски вечерва (24.12.2018) присуствуваше на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Мицкоски на Светата литургија по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ беше придружуван од членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

“Вечерва заедно со членот на Извршниот комитет Владимир Ѓорчев, присуствувавме на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје”, напиша Мицкоски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.