Со помош на количка на свои 93 години дојде на митингот на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ во Берово, Елена Гаштеоска.
Таа изрази поддршка за Мицкоски кој веднаш откако дојде се ракуваше со жената потомок на мелешевскиот комита Димитруш Прокуроре. Таа во својата рака ја дежеше сликата на својот татко облечен во комитска облека.
Иако во поодминати години со бистар речник испрати пораки и поддршка до Мицкоски со зборовите.
Чувај ја Македонија, таа ни е се.
Мицкоски во знак на почит застана до нејзе откако предходно се ракуваше. Таа предходно стана позната на социјалните мрежи по пораките да не се менува името Македонија.