Ивештајот на Европската комисија е извештај за уназадувањето на Македонија, но не сум изненаден бидејќи континуирано предупредуваме на ова што се случува. Граѓаните се сведоци на реалноста дека во Македонија тешко се живее и оти имаме едно политичко-криминална коалиција на власт. Инфлацијата руши рекорди, стандардот е низок ,учениците немаат учебници, пензионерите протестираат а младите се селат, а криминалот и корпуцијата се во пораст наведува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервујто за „Република“.
-Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе тргне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори.Имаме рекордно ниска недоверба во партизираното обвинителство и судство.Недовребата во правдата е основа на извештајот.Не гледам никаква визија и персектива што ја нуди оваа влада на СДСМ и ДУИ-објаснува Мицкоски за „Република“.
Мицкоски има коментар за т.н европски фронт.
-Тоа го користеа како п.р трик мислејќи дека на тој начин ќе заведат дел од граѓаните и ќе добијат некаква милост од страна на меѓународната заедница.Од една страна потпишуваа договори кои не се во можност да ги испорачаат бидејќи се понижувачки, а од друга страна додека тоа го правеа со едната рака со другата крадеа.Тие се водеа од максимата дека тоа што тие и го прават на Македонија и на граѓаните е внатрешен проблем а дека меѓународната заедница тоа не ја интересира толку колку што ја интересира тоа што го потишуваат. Има простор за уште поголема критика посебно во делот на злоупотреба на европското знаменце каде што на еден брутален начин се избегнуваат процедурите во Парламентот како со измените во Кривичниот законик со кој се обидуваат да се амнестираат, aнализира Мицкоски.
Тој објасни по која политика се водат.
-Подобро да биде тешко отколку да биде срамно.За жал тие одбраа да биде срамно отколку тешко и мислат дека на овој начин ќе обезбедат за себе некаква амнестија кога ќе бидат во опозиција.
Мицкоски коментира дека Самитот на ОБСЕ наместо промоција на Скопје и Македонија се претвара во уште еден скандал во режија на власта.
-Не очекувам ништо повеќе од власта сега кога се на неколку месеци на губење на фотелјите што за нив значат сѐ бидејќи без тие фотелји се ништо.Ништо не би ме изненадило од овие луѓе до формирањето на техничката влада и до народната влада која ќе ја избере народот.
За Мицкоски нема дилеми дека отворањето на музејот на УЧК е обид на ДУИ за реминисенција на национал романтичарски теми за прикривање на криминалот.
Мицкоски за „Република“ за прв пат открива во која изборна единица ќе биде носител на парламентарните избори.
Јас роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош која е дел од изборна единица 1 и логично е тоа да биде единицата во која што ќе ја предводам листата на ВМРО-ДПМНЕ.
Целото интервју со него, прочитајте го на РЕПУБЛИКА