Мицкоски најавува нови инвестиции од ноември

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во ноември да објават нови инвестиции. Станува збор за две инвестиции кои ќе бидат проширување на веќе постојни капацитети кои работат во земјава, како и за една странска инвестиција за која преговорите се во финална фаза.

Новата инвестиција која доаѓа од европска држава, како што рече Мицкоски, е во финална фаза на преговори и имаат дневна комуникација со потенцијалниот инвеститор.

– Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции. Две се на постојни инвестиции кои веќе работат кај нас и ќе направат проширување на своето производно портфолио. Очекувам во ноември полека, но сигурно, да ги објавуваме овие позитивни вести за граѓаните. За инвестицијата од 150 милиони евра, во последна фаза сме на преговори со една голема европска земја која е членка на ЕУ, се натпреваруваме за оваа инвестиција. Дневно комуницираме со потенцијалниот инвеститор и доколку тоа се случи, ќе биде голем чекор напред за нас како држава и како Влада, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.