Мицкоски му подари на Заев беџ со Македонија, Заев го одби, Мицкоски го стави на своето одело

На крајот од дуелот на Канал 5, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му подари беџ на Зоран Заев каде што пишува Македонија, но премиерот го одби. При што Мицкоски гордо рече дека ако тој го одбива тој ќе си го стави на своето одело.

При давањето на бедџот Мицкоски рече дека се надева дека со мирна совест ќе го носи. Но Заев го одби при што образложи дека нема да го прифати бидејќи денес државата се вика Република Северна Македонија.

Но затоа Мицкоски го стави на реверот и истакна дека после емисија може да го казнат бидејќи носи бедџ каде што пишува Република Македонија, а не Република Северна Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.