Мицкоски: Лажеа за рестартирањето на Југохром пред година ипол, лажат и сега, црно време за економијата уште поцрно за граѓаните

Помина не само јуни, туку дојде и јули, август, септември, октомври, сега сме ноември, нема рестартирање на Југохром. Но затоа вчера дојде ново ветување од владата, Југохром ќе бил рестартиран во мај-јуни наредната година и ќе биле спасени 550 вработени, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Во продолжение прочитајтего целосниот статус на Мицкоски:

“18 јуни 2017-та година, по средбата со синдикатот свечена изјава на премиерот Заев дека ќе најде решение за рестартирање на Југохром и спас на егзистенцијата на 1200 вработени. 12 октомври истата година, ветување од премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, Југохром ќе почне да работи во мај или јуни оваа година. Помина не само јуни, туку дојде и јули, август, септември, октомври, сега сме ноември, нема рестартирање на Југохром. Но затоа вчера дојде ново ветување од владата, Југохром ќе бил рестартиран во мај-јуни наредната година и ќе биле спасени 550 вработени. А како ова да се нарече поинаку освен како едно брутално лажење на македонската јавност и поигрување со судбините на 1200 работници и ништо повеќе. Лажеа за рестартирањето на Југохром пред година ипол, лажат и сега. Секоја година си даваат ветување за некоја нова година дека ќе било рестартирањето. Година ипол се на власт и неуспеваат да го реализираат едно од своите први ветувања, а неуспеваат затоа што и во еден Југохром се кријат лични бизнис интереси на поединци од власта и политичко пазарење за сметка на маката на напатените работници. И ќе рече премиерот дека држел до зборот, но тоа само пред камерите, тој единствено држи до личниот интерес и парите. И ова со Југохром се голи факти за неспобната влада која ниту владината димна завеса не може да ја покрие. Црно време за македонската економија, уште поцрно време за македонските граѓани”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.