Традиционално почнувајќи од 1978 година до денеска, по 41-ви пат тргна “Илинденската коњаница” од црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче.
На 2-ри Август за Илинден, коњаницата во која оваа година има и три девојки, ќе пристигне на Мечкин камен во Крушево.
Покрај трите девојки, во коњаницата има уште 17 мажи.
Илинденскиот марш од Горно Лисиче до Крушево е во организација на Здружението на граѓани Илинденски Марш Горно Лисиче.
Од црквата коњаницата ја испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на литургијата беше заедно со пратеникот Јохан Тарчуловски и портпаролите на партијата.