Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите зголемена за 25% согласно Законот за вино

Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино. Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

-За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%. Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот. Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД Водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата, истакна Мицкоски.

„Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот. Исполнуваме, за тебе“ – напиша премиерот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.