Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа каде што посочи дека недозволиво е да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи тоа е Македонија.
„Како да не ме погаѓа темата за Гоце Делчев. Ние зборуваме за Гоце Делчев, овој народ го одбрал тој јунак и околу тој јунак ја содавала државава“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Република Македонија има многу јунаци и тука е и Гоце Делчев со кој сме ја воделе и создавале оваа држава.
„Можеби во некои минати времиња не толку често се споменувале Татарчев, не знам Протугеров или било кои други јунаци. Но Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава“, посочи Мицкоски.