Мицкоски за 6 дена направи повеќе од СДСМ за седум години

Новозибраната Влада на премиерот Христијан Мицкоски иако на самиот почеток од мандатот, веќе ги покажува првите резултати, и ако по утрото денот се познава, Мицкоски и неговиот тим се подготвуваат да направат револуционерни промени во секојдневното живеење и подобрување на живеењето на сите во Македонија.

Во само една недела се постави камен-темелник за нов спортскиот центар во Штип, објавен е стартот на инвестиција за ветерен парк кој ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства и 450 вработувања, се стави камен темелник за нова училишна зграда во општина Кисела Вода и започна реализацијата на ветувањето за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари.

Со ова Мицкоски покажа дека останува верен на ветувањето дека Македонија ќе биде земја на сите граѓани, дека нема време за тактизирање и чекање и дека промените мораат да започнат во секоја сфера на општественото живеење.

Во однос на почетокот на изградба на нов спортски центар во Штип, Мицкоски напиша:

-Поставивме камен-темелник на Спортскиот центар, проект финансиран благодарение на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е само почеток на нашите напори да ги исполниме ветувањата за кои се обврзавме пред граѓаните. Заедно со градоначалникот и министерот за здравство го посетивме и местото каде оваа есен ќе започне да се гради новата Клиничка болница во Штип. После долги години стагнација, конечно започнуваме со изградба. Тендерот е подготвен и се чека мислење од Министерството за финансии. На пат кон Скопје ќе разговарам со новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, за да го започнеме овој процес.

Наредниот ден Мицкоски заедно со првите луѓе на компанијата “Алказар енерџи”, го означија почетокот на реализација на огромниот енергетски проект – изградба на 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови.

Тоа е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава, ќе донесе нови 630 вработувања и претставува најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници.

Во третиот ден од мандатот отпочна изградбата на нова училишна зграда во населбата Драчево, во општина Кисела Вода, каде после точно 100 години, старата училишна зграда заминува во историјата со изградбата на нова.

-За граѓаните, односно за околу 550 ученици – нови 19 училници, канцеларии и други училишни простории. Инвестиција вредна над 1.5 милион евра, напиша Мицкоски.

На првата владина седница пак, покрај именувањето на повеќемина професионалци, се расправаше и за ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март. Оваа мерка значително ќе го олесни секојдневното живеење на над 300.000 пензионери во државата, кои масовно протестираа изминатите месеци барајќи државата да им обезбеди поголеми месечни примања.

Мицкоски и министрите реализираа и низа средби со дипломатскиот кор во државата, при што беа истакнати заложбите за интензивирање на билатералните соработки, особено со САД и земјите членки на Европската Унија.

За крај, за пофалба е и заложбата за бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, нешто што беше потенцирано на денешната средба помеѓу Мицкоски и министерот на МВР, Панче Тошковски, после која премиерот на ФБ напиша:

-Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот.
Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот. Правдата доаѓа!

Најголема надеж во оваа најава гледаат токму прилепчани. Граѓаните на градот под Марковите Кули очекуваат видат најмногу резултати токму од борбата против криминалот и корупцијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.