“Човек кој безпоштедно се троши за Македонија!
Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон.
Љубац до крај заедно, во добро и во лошо…”, нaпиша Мицкоски на Фејсбук откако Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со 5 гласови „за“ и 4 „против“ и ниту еден воздржан, изгласа Собранието да му го одземе имунитетот на пратеникот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски.