Мицкоски за “Еурокомпозит” и измамените работници

Од рубриката голи факти за црното владеење на оваа влада, фабриката Еурокомпозит уште една измама и упропастена надеж, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-24 октомври 2017-та година, премиерот Заев се сретна со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на проблемот со статусот на оваа компанија.

Месеците поминуваа, платите повторно доцнеа, а решението се подалеку. 3 јуни 2018-та година, повторно нова надеж за близу 300 вработени, вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека има заинтересирани инвеститори за Еурокомпозит и Колска.

5 месеци по ова ново ветување нема инвеститор за ниту една од овие компании, а вработените се подлабоко тонат во разочарувањето креирано од оваа неспособна влада.

Ноември 2018-та година, болната реалност е: вработените на Еурoкомпозит вратени се дома, а погоните се со исклучена струја.

Останаа владините ветувања како срамен доказ за една од многуте лаги на оваа Влада. Безочното лажење е само едната димензија, другата е што се демонстрира една страшна неспособност која загрозува судбини на многу граѓани. Владата брутално си поигрува со болната и изнамачена судбина, со животите на вработените од Еурокомпозит. A само ќе потсетам и за претходните лаги на Владата за кои пишував, за пропаста на Југохром, за Колска, за лагата за влезот на Google и FB и многу други. Редицата е долга, а надежта се помала. Тоа ќе се промени, само кога оваа власт ќе си замине, додава Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.