Мицкоски за Велики Петок во црквата Свето Благовештение во Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во посета на Прилеп.

“Денес е Велики Петок, тежок ден и голем празник за православните верници. Го посетив црковниот храм Св. Благовештение во Прилеп. Во овие тешки времиња за нашата Македонија и сите нејзини граѓани посакувам што побрзо да се избави земјата од овие црнила, делби и назадување. И голем број на граѓани се незадоволни, гневни, чувствуваат апатија, и тоа чувство е со причина, затоа ние ќе донесеме надеж и вистински напредок, решенија за проблемите, одговорот на апатијата е единствено со масовност на изборите и глас за правдата, честитоста и развојот. За Македонија”, напиша Мицкоски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.