Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Република“ вели дека Зоран Заев го поврзуваат две работи за земјоделците. Првата работа се поврзува со тоа што тој потекнува од рурален крајкој се занимава со земјоделство, ја знае маката на земјоделците и се сочуствува со нив и дека ќе понуди решенија.
– Денес реалноста во Република Македонија е следна – појдете во Ресен, ќе видите како ги сечат јаболкниците затоа што луѓето килограм јаболка го продаваат за еден денар и за еден денар нема кој да им ги откупи. Појдете во Пијанец и Малешевијата и ќе ви раскажат како сливите ги истураат во коритата на реките затоа што нема кој да им ги откупи. Појдете во кочанско ќе ги видите амбарите полни со ориз, зошто нема кој да им ги откупи. Во Росоман е исто со праските. Појдете во југоисточна Македонија ќе ви споделат приказни како завршил бостанот, како завршиле раноградинарските производи, истакна претседателот Мицкоски.
Мицкоски во своето интервју додаде дека Заев ниту знае, ниту може да го реши проблемот со земјоделците.
-Заеви сега водат една бентли-мајбах политика која никако не се споредува во она светло во кое тој сака да се прикаже. Ако вие навистина знаете кои се проблемите на земјоделците, тогаш повремено, додека се возите во скапите бентли и мајбах автомобили кои се дел од возниот парк на вашето семејство ќе можете да видите дека тие луѓе едвај врзуваат крај со крај, едвај поминуваат од први до први. Сликата на политичар којшто води бентли-мајбах политика и политичар којшто сака да се претстави дека е дел од земјоделците, дека сочувствува со нивните проблеми, не идат една со друга. Напротив, тие една со друга се контрадикторни, додаде Мицкоски.