Мицкоски до Заев: За она што се афери и криминални тендери сега ќе одговарате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба која се одржува во Клубот на пратениците му кажал на премиерот Зоран Заев дека досега тој, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Деспотовски и уште неколку си загарантирале обвиненија по неколку члена од кривичниот законик, дознаваме неофицијално од извори од лидерската средба.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не зборело за амнестија, што се докажува во процесот на преговори во Клубот на пратениците. Едиствено за што се залагала партијата е примената на европските практики и искуства во домашното законодавство, процес кој и натаму ќе остане отворен.

Според неофицијални информации, од друга страна пак, вистинскиот товар е над главата на Заев кој се обидува да одбегне одговорност и да овозможи спас на функционерите од неговата партија кои евидентно е дека ќе треба да одговараат за злоупотреби. Ова особено за неколкуте афери и сомнежи за криминал како што е аферата „криминални иновации“ каде државни пари се делат на фирмите на вицепремиерот, пратеници и функционери од власта.

Од дознавањето на ваквите афери во јавноста, Заев и Шекеринска биле видно вознемирени, особено бидејќи станува збор за афери во кои се вклучени нивни блиски луѓе и соработнци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.