На ТВ дуелот кој многумина го очекуваа помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Мицкоски истакна дека доколку во Македонија имаше правен систем, Зоран Заев ќе беше прогласен за виновен за земање на поткуп.
Мицкоски забележа дека судството во Македонија е позаробено и позависно од било кога.
-Знаете, не е суштината дали опозицијата има ваков или таков став, важно е граѓаните што викаат. Јас патувам низ Македонија, разговарам со граѓаните низ цела Македонија и она што тие граѓани ги прави несреќни е што гледаат дека, најмалку што може да забележат е сигурност во одлуките на судовите, односно судските одлуки. Повторно ќе кажам, ние имаме претседател на Владата, премиер на држава кој што ги претскажа пресудите на последните два случаи и токму тоа ги прави дополнително несигурни граѓаните во Република Македонија, вели тој.
Според Мицкоски, Заев се обидува да ги прави граѓаните на Македонија слепи и глуви пред снимките кои протекоа на јавноста и на кои Заев бара поткуп од 200.000 евра од стумички бизнисмен.
Мицкоски вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, ќе обезбеди независно судство во вистинска смисла на зборот.
-Ќе беа сигурни и ќе веруваа во судството, господине премиер, ако ве осудеа. Ако не ги направевте слепи и ако не ги направевте глуви . Тоа е тоа што требаше да се случи, да не бидат граѓаните слепи и да не бидат глуви. Тоа е суштината што требаше да се случи за да граѓаните веруваат во судството. Вака како што е не можат ниту да веруваат нити ќе веруваат. Она што ВМРО-ДПМНЕ, откако ќе ја формира новата влада прво ќе го направи, е да обезбеди независност на судството и тоа во вистинска смисла на зборот независност, истакна Мицкоски.