Ветуваа кога дојдоа, овие измамници од владата на чело со оној деспотот дека од Македонија ќе направеле успешна приказна. Дека ќе имало правдина за секого, дека немало правда, немало мир, а тие кога ќе дошле ќе имало и правда ќе имало и мир, изјави од Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:
„Правда ли е 2 века казна за луѓето кои што згрешиле затоа што си ја сакале сопствената држава. Правда ли е тоа? Тоа е казна и се додека не ја исправиме таа политичка нарачка нема да има мир. Затоа што истовремено додека тие луѓе се во затворите со преку две века казна, злосторите од Смилковско слободно се шетаат. Тоа ли е правда, тоа ли е мир кој што ни го ветуваа?“
Мицкоски потенцираше дека народот нма да се помири додека не дојде вистинската правда за тие кои што ова го нарачаа.
Ветуваа богата просперитетна, економски силна Македонија. Што донесоа? Донесоа пљачка, донесоа криминал. Дали има една нова отворена фабрика овдека во Штип? Дали донесоа една нова фабрика во технолошко индустриската зона? Ништо нема се затворија се запустија. За тој криминал ќе дојде денот кога од прв до последен ќе одговараат, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.