Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предмалку одржа прес конференција на која ги истакна ставовите на партијата околу постигнувањето договор помеѓу Заев и Ципрас за проблемот со името на државата.
Мицкоски истакна дека ова е капитуалнтски договор за Македонија и не може да се нарече договор, бидејќи Македонија ги прифаќа сите грчки барања.
Тој рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет и дека партијата нема да поддржи промена на Уставот на државата со цел промена на државното име.
-Зоран Заев покажа нестабилност, недостоинственост, прифати промена на Уставот, географска одредница за да подоцна ја убеди македонската јавност дека со промена на Уставот и решението Илинденска Македонија го потврдува идентитетот, со ова го испрати министерот за надворешни работи и гордо пред македонската јавност кажуваше дека друго решение за него е неприфатливо. Но како што многупати и во минатото така и денес, излажа, ова е тежок егзиниционибизам на штета на сопствената држава. Ова е премногу сериозно прашање и затоа бараме така наречениот договор кој што Заев има намера да го потпише со Ципрас веднаш да ни го достави, потенцираше Мицкоски.