Во која друга држава партиски вojници спроведуваат државен попис?, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по ckaндалот на СДСМ, кој меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи.
-Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Cpам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис!, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Инаку, на социјалните мрежи, на профилите на СДСМ, се споделува оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори.