На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ останува во Парламентот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори:
“ВМРО-ДПМНЕ не размислува да го напушти парламентот, ВМРО-ДПМНЕ останува жестоко да се се спротивставува на власта во Собранието во насока да ги демонтира сите оние погрешни политики на власта на чело со Зоран Заев” – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ за скоро ќе излези со сериозна понуда пред граѓаните, а моментално партијата се подготвува за големиот антивладин протест на втори јуни.