Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатата година, и притоа соопшти дека во наредниот период ќе бидат објавени две мерки за самовработување.
– Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години. На овој начин ќе обезбедиме поддршка на приватната иницијатива и потикнувам што повеќе луѓе ова да го искористат, рече премиерот Мицкоски.
Со втората мерка вработување и раст на правни субјекти се предвидува да се опфатат 1720 лица, каде при вработување на млади лица предвидена е највисока сума во износ од 250.000 денари. Мицкоски притоа потсети дека во изминатата година откако тој ја презема Владата отворени се нови 15.000 работни места.
Мицкоски истакна дека состојбата е конечно стабилизирана и дека може да се зборува за економски раст.
Токму мерките од Оперативниот план за вработување на Владата, деновиве преку отворени денови во голем број општини, ги презентира заменик министерот за економија и труд од Прилеп, Марјан Ристески.