Михаилов: “Прилепската шумска полиција најдобра во Македонија”

Шумската полициска станица во Прилеп бележи значајни резултати во борбата против нелегалната сеча на дрва уште на почетокот од 2026 година.

Според информациите објавени од заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, за период од само 85 дена се евидентирани дури 89 пријави за дрвокрадство, при што се одземени околу 125 метри кубни дрвна маса.

Овие бројки, како што посочува Михаилов, ја позиционираат шумската полиција од Прилеп како една од најуспешните во државата.

„Со поголема заложба, резултатот е неизбежен“, истакнал Михаилов по краткиот состанок со командирот на шумската полициска станица во Прилеп, Рубин Мирчески.

Ова, според него, е јасен пример дека посветената работа и континуираната контрола на терен даваат конкретни резултати во сузбивањето на нелегалната експлоатација на шумите.

Очекувањата се ваквиот тренд да продолжи и во наредниот период, со цел поефикасна заштита на шумските ресурси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.