Михаилов: “Нема сила што ќе ме спречи да бидам дел од оваа битка за Македонија”

Фејсбук статус на потсекретарот на ВМРО ДПМНЕ, Кире Михаилов.

“Браќа и сестри Македонци, од срце Ви благодарам за огромната поддршка која ми ја давате, пред се на оние кои храбро и непоколебливо го правите тоа јавно!

Повеќе од очигледно е дека ова што ми го прави оваа хибридна власт е класичен политички линч. Ова линчување не е од вчера, тоа трае со години, но овојпат тоа влезе во својата завршна фаза од едноставна причина што нивното владеење е во завршна фаза.

Брзајќи во исполнување на наредбата на шефот за jaдење живи луѓе, да не беа жални, ќе беа смешни. Се дрзнaa за пишан збор на ФБ, збор за доброто на граѓаните на Република Македонија да измислат cycпензија до конечниот исход – отkaз.
Од таа причина, почитувани пријатели, нивната маленкост не е достојна за коментар, а стравот очигледно ги обземал и ги преплашил во целост!

После ова, имам јавно, јасно и гласно
да им порачам:
-Не само што нема да ме исплашите, напротив, ме мотивирате да се борам уште пожecтоко до самиот крај!
-Бopбата за правда и ослободување на Македонија од овој peжим влегува во завршната фаза, а мене, нема сила ниту причина која ќе ме спречи да бидам дел од таа последна битka!
-Веќе е сосема извесно дека Вашето, време на предавниците помина, а Нашето, време на Македонците доаѓа.

ЈАС, Кире Михаилов, Македонец, родум од Струмица, Македонија, човек кој освен Македонски јазик, друг мајчин јазик не препознава, Ви го порачувам ова како еден од многуте безбројни Македонци!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.