Михаилов: “Лисица со запалена опашка ни направи страшна работа во велешко, а постојат и вештачки бубачки што пренесуваат пожари”

Во текот на овие изминати месеци, јас видов се’ и сешто, од глувче кое што запалено ни пренесе пожар, до лисица со запалена опашка во велешко, ни направи страшна работа – истакна во синоќешното гостување во “Тема на денот” на “Сител ТВ”, заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Михаилов зборуваше и за изјавата на вработена во Национални шуми, дека запалени скакулци ги шират пожарите, па додаде дека имаат сознанија оти постојат и бубачки кои можат да го прошират огнот.

-Така да скакулците, би ги оставил да ги продискутираме. Во текот на таа изјава, која што беше дадена од нашите вработени, ми се јавија неколку професори, кои што кажаа дека постојат такви бубачки, вештачки, кои што навистина можат да пренесуваат пожари. Јас искрено се сомневав дека ќе треба да направиме добра анализа во тој дел, можеби и нешто такво има. Значи, со оглед на тоа што во Македонија изминатата година, се случија пожари во број, кој што ги немало досега, еве јули ако го земам за пример, ако лани имавме бројка од 620, овој јули имаме бројка од 550. Тоа се огромна бројка на пожари, истакна Заменик директорот на Национални шуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.