Митко Јанчев 7 години ја донира градоначалничката плата во хуманитарни цели

Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест- плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели – информираат од општина Кавадарци.

Соопштението од општината во целост го пренесуваме во продолжение:

-Но најважно од се е, што во прилог можете да погледнете табела на која можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку општествено одговорните компании Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани од 2022, 2023 и дел од 2024 година.

Вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.

Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.