Поранешниот комбинат „ФЕНИ“ во Кавадарци повторно ќе започне со работа, овојпат под раководство на компанијата Golden Eagle. Во првата фаза од рестартирањето на фабриката, на работа ќе се вратат 170 работници, а во втората фаза се планира вклучување на дополнителни 500 лица.
Како што е најавено, во април е планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе бидат ставени во функција, со што фабриката повторно ќе стане значаен индустриски капацитет во регионот.
Рестартирањето на поранешниот комбинат е резултат на добрата соработка меѓу компанијата Golden Eagle, Општина Кавадарци, како и Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Според надлежните, ваквата координација овозможи фабриката повторно да биде активирана и ставена во функција, со значаен придонес за локалниот економски развој и отворање нови работни места.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, истакнува дека ова е важен чекор за градот и за граѓаните, со што се создаваат услови за стабилност, економски раст и подобра иднина за регионот.
























