Митева: Од 12 објекти со лиценца утврдено е дека три од нив не исполнуваат услови

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски.

Во изјавата Митева потенцира:

Денеска одлучивме да имаме заедничка конференција со, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски.

Ќе ја започнам оваа прес конференција информации кои се актуелни и за има промени од претходната вчерашна изјава која што е дадена за извршените контроли од Државниот пазарен инспекторат.

-Во моменти како овие зборови не се доволни но постапките мора да бидат, потенцира Митева.

Таа додаде: Како што ветивме продолжуваме на дневна основа да ве информираме сите вас за констатираните состојби од теренската работа на Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите.

Новите сознанија коишто ги имаме до овој момент се следни:

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања.

Доказите се јасни.

Од вчера направената контролата на 12 објекти со активна важечка лиценца до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност.

За останатите девет, ве информирам дека сеуште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации, рече Митева.

По однос на ваквата состојба веднаш до министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно законот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.