Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито зад себе оставил некој вид на политички тестамент во сефот кој требало да го отвори неговата сопруга Јованка. Но, по неговата cmpт во 1980 година таа е избркана од куќата, па сефот го отвориле шефот на југословенската тајна полиција Стане Доланц и генерал Никола Љубичиќ, а писмото мистериозно исчезнало.
Ова за српски Курир го раскажува познатиот адвокат Тома Фила, кој е еден од ретките луѓе кој се сретнал со некогашната прва дама на Југославија, но и кој добил вредни информации од неа.