МИСТЕРИЈАТА НА БЛАГОДЕТНИОТ ОГАН: Во други цркви не се појавува

Благодетниот оган претставува пламен, кој според тврдењето на верниците чудесно се појавува на Светиот Гроб во Ерусалим на богослужбата на Велика сабота. За верниците тој претставува видлива појава на Светиот Дух и потврда на воскреснувањето на Исус Христос. Според преданието на ерусалимската црква, имало два обиди од страна на други цркви да се одземе Благодетниот оган.

Благодетниот оган се “повикува” откако претходно во храмот ќе се провери дали постои било каков предмет или материја која брзо ќе се запали. После тоа, следи “повикувањето” на Светиот Дух и ерусалимскиот патријарх го прима огнот на својата свеќа и го предава на другите. Верниците тврдат дека при допир со огнот не можете да се изгорите, ниту пак се чувствува топлина.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.