На возраст од 3 години, малечката Џои Веврвеи започнала да раскажува приказни кои биле комплицирани и чудни, па на членовите од нејзиното семејство им било тешко да поверуваат дека тие се продукт на мозокот од тригодишно девојче.
Џои им рекла на родителите дека тоа се сеќавања од поранешните животи – поточно од 10 животи.
Во следните две години таа поминала многу часови разговарање со психолози, професори на регресивна хипнотерапија, експерти за реинкарнација и новинари. Нивниот заеднички заклучок бил дека Џои е жив доказ дека постои реинкарнација.
Во првиот живот, Џои се присетила дека живеела како пештерски човек, пред неколку милиони години. Неверојатно, но таа била во состојба да води истражување во пештерите во јужна Африка кои никој пред тоа не ги истражувал. Тоа биле истите оние пештери во кои Роберт Брум, лекар и палеонтолог, открил дел кој недостасувал измеѓу луѓето и мајмуните.
Ф.Г.