Синоќа околу 19 часот забележано е мистериозно светлечко летало над Прилеп кое еден час бдеело над градот.
Голем број прилепчани го забележале летечкиот објект кој на моменти ја менувал формата и бојата.
По еден час истото во форма на полумесечина нечујно прелетало над “Mогилата на непобедените” и се упатило кон исток.
Фотографијата ни ја испрати очевидец кој го забелешал леталото, токму од “Паркот на револуцијата”.